Познатиот водител со трансфер од Телма на Канал 5: Кога срцето и разумот заедно ти го кажуваат тоа

  • By admin
  • март 2, 2021
  • 0
  • 1296 Views

Миро Кацаров, познатиот водител кој сите го препознаваме преку Бекстејџ реши да направи промена и за тоа се огласи на социјалните мрежи каде што преку својот фејсбук профил напиша:

-Поминаа повеќе од 7 години взаемна соработка почит и разбирање. Преку стотици итервјуа со најголемите имиња од регионот, илјадници минути го водев најгледаниот естраден магазин, мењав партнерки, мењав телевизиски куќи, мењав студиа.

Три Златни бубамари уше толку пати бренд на годината. Но дојде време за промена, а кога срцето и разумот заедно ти го кажуваат тоа ондак ти си на вистинскиот пат, па затоа преземав чекор каде ќе ни се разделат патиштата.

Backstage Macedonia ти благодарам за се што направи за мене и што ме трпеше сите овие години, се надевам дека довербата што ми ја дадовте ја оправдав и остаив траен белег. Мојот аганжман е до 15 март со вас на Телма.

Од Април моја нова телевизиска куќа ќе биде најгледаната во Македонија или Канал 5 Телевизија. Драги пријатели сакам да ве известам дека се гледаме со нова емисија во ново студио со нова екипа и во нов термин.

До тогаш сакам да бидам искрен со вас и сум убеден дека го направив вистинскиот чекор кој ќе ми донесе нов предизвик,нова димензија,нови моменти и нов почеток во животот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *