Веќе започна периодото од годината во кој многу наши иселеници, вклучувајќи ги и оние од Германија го користат одморото и се враќаат во родните места.
По две години пауза конечно работите се враќаат во нормала кога станува збор патувањето до држава во држава кое веќе добро знаеме како беше во споменатите две години.
Несомнено ако во некоја држава има голем број Македонци, ако не и најголем во Европа тоа е Германија која е дом на многу наши граѓани.
Дел од нив летово веќе ги прават плановите да си дојдат во родните места, а па одреден дел на нивни роднини и блиски сега може слободно да планираат да ги посетат и во Германија.
Во таа насока говорат последнити информации кои што доаѓаат од германските власти, а ги потврдија и нашите надлежни во Германија.
Имено овојпат повторно се огласија од македонската амбасада во Германија, синоќа околу полноќ и притоа објавија позитивна информација:
Важна и добра вест за сите македонски државјани за патувања од Македонија во Германија:
Според најновите информации објавени од германското министерство за надворешни и за внатрешни работи, од денес 11 јуни 2022г. генерално за државјаните на сите земји, вклучително и македонските државјани, привремено се ук инати сите ограничувања за влез во Германија
И е дозволен влез за сите лица и цели и повеќе не е потребен никаков доказ за вакцина, прележаност или негативен тест при влез во Германија.