Платите во Германија ќе пораснат за над 600 евра – работниците тријат раце

  • By admin
  • март 6, 2022
  • 0
  • 550 Views

Како што е познато во ветената држава за многу Македонци, во Германија ќе следи зголемување на платите.

Имен од зголемувањето на минималната плата бенефит ќе имаат повеќе од шест милиони граѓани, пред се жени и вработени во источниот дел на земјата, изјави министерот за труд Хубертус Хајл по редовната седница на владата, пренесува Хина.

Тој рече дека покачувањето на минималната саатница од 9,82 на 12 евра влијае и на вработените кои „ги одржувале виталните функции на општеството“ за време на пандемијата на коронавирус, како што се негователите, како и другите вработени во занимања релевантни за функционирањето на системот.

Тоа практично значи дека, на пример, градежен работник кој во моментов заработува во просек околу 2.650 евра месечно, би можел да заработи 662 евра повеќе или 3.312 евра.

Нешто помалку платените, како угостителските работници кои сега во просек заработуваат по 1.800 евра, во иднина би заработувале 2.250 евра.

Минималната саатница прво треба да се зголеми на 10,45 евра во јуни, а потоа на 12 евра во октомври. Владата ваквата одлука ја оправдува со порастот на трошоците за живот и становите во Германија.

– Ова зголемување на трошоците за живот ја доведе во прашање можноста за покривање на тековните трошоци за лицата кои работат со полно работно време со минимален час, се вели во владиното соопштение.

Германскиот завод за статистика редовно објавува податоци за платите. Подолу можете да ги погледнете најновите достапни податоци за просечните плати по занимања со кои најчесто се занимаваат нашите гастарбајтери и нивното потенцијално зголемување со промените на минималната плата.

Па така на пример ѕидар од 2.900 евра по ново ќе добива 3.625 евра. Тесар од 2.700 евра на 3.375 евра. Керамичар од 2.660 евра по ново 3.325 евра. Молер од 2.350 евра на 2.930 евра.

Медицинска сестра од сегашните 2.600 евра ќе се искачат на 3.250 евра. Масажер 2.450 евра на 3.062 евра. Негувателка на стари лица 2.350 евра на 2.937 евра. Физиотерапевт од 2.070 евра на 2.587 евра. Доктор од 6.600 евра на 8.250 евра.

Електричар наместо 3.460 евра ќе добива 4.325 евра. Менаџер за производство 4.500 евра на 6.625 евра. Техничар за електроника од 3.140 евра на 3.925 евра. Заварувач од 3.000 евра на 3.750 евра. Производствен работник од 2.500 евра на 3.125 евра. Автолакер од 2.560 евра на 3.200 евра

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.