За да се направи парaлела помеѓу начинот на живот од една до друга земја, новинари од магазинот „Бука“” разговараа со човек кој ја напушил Босна и Херцеговина пред повеќе од две децении.
Моментално живее и работи во Шведска во приватна компанија од областа на маркетингот. Ова е неговото искуство.
На работа сум 9 часа, од кои 8 се платени. Работното време ми е од 07:00 до 16:00 часот. Секоја минута пред и после е платена x 1,25, бидејќи тоа се смета за прекувремена работа.
Платата е во просек 2 800 евра, иако оваа бројка варира во зависност од искуството на индивидуата.
Почетна плата е околу 2 000 евра, вели соговорникот. На оваа сума има 30% данок кој оди кај државата и од таму се финансира полицијата, војската, болниците, градинките, училиштата, развојот на градовите, изградбите и слично.
Кога станува збор за квалитетот на живот и трошоците треба да се знае дека тие многу зависат од тоа во кој вид на објект се живее. Помладите живеат во станови, а фамилииите со деца во куќи.
Постојат исклучоци, но ваквиот начин е најпрактичен. За да се живее на овој начин мора двајцата да работат со полно работно време. Околу 25% од приходот се троши на кирија, односно околу 800-1400 евра.
За куќа од 100 квадрати, кога станува збор за сметки, електричната енергија чини 60 евра, ладната вода 15 евра, а греењето и топлата вода околу 150 евра месечно.
На храна се троши отприлика 500 евра месечно со тоа што повеќето луѓе купуваат само еко храна, што е доста поскапа. Лебот чини 2 евра, литро млеко 1 евро, а црвеното месо е најскапо, односно цената може да достигне и до 30 евра од килограм. Од друга страна, пилешкото е околу 8 евра килограм.
Редовниот годишен одмор во Шведска е вкупно 5 недели, а во просек може да се заработат уште три од прекувремената работа. Овие 5 недели се платени како истите да ги работите.
Кога станува збор за родителството, вработениот кој ќе добие дете има право на 420 слободни платени денови кои можат да се поделат како сакате. Училиштето е бесплатно, а храната и се останато што е потребно се финансира од данокот што граѓаните го плаќаат.
Добро познато е дека во Шведска живеат и голем број Македонци, а од година во година нивниот број се повеќе се зголемува.