Денис од Куманово со сопругата и четирите деца веќе трет ден се без храна: Останав без работа, сега просам

  • By admin
  • април 24, 2021
  • 0
  • 1024 Views

На фејсбук страната Православно секојдневние се појави апел за помош во која се вели

“На луѓето им треба дожд, а јас го молам Господ да не врне бидејќи покривот протекува, а кога врне, собата се полни со вода”

Денис со сопругата Сабина и четирите деца трет ден се без храна…да помогнеме достоинствено да го дочекаат Велигден!!!

Шестчленото семејството Василевски, кое живее во населбата Пчински Пат, оддалечена три километри од Куманово, едвај сврзува крај со крај во месецот. Тие преживуваат со вкупно 7.000 денари што ги добиваат како детски додаток. Поради тоа што парите не им стигаат, веќе трет ден се без храна.

Тие живеат во една соба, а покривот им протекува од сите страни кога ќе заврне дожд, а и тоалетот им е во незавидна состојба, па од хуманите луѓе бараат да им помогнат за да им обезбедат барем основи услови за живот на своите деца.

– На луѓето им треба дожд, а јас го молам Господ да не врне бидејќи покривот протекува, а кога врне, собата се полни со вода – раскажува 33-годишниот Денис Василевски.

За да биде уште потр агична неговата животна приказна, тој вели дека две од четирите деца што ги има со 32-годишната сопруга Сабина, се со посебни потреби.

– Најстариот син Митре, кој има 11 години е со посебни потреби, додека Ангел кој исто така има 11 години, не може да зборува. Фала му на Бога третиот син Никола, кој има 10 години, и ќерката Дијана, која има шест години, се добро и одат на училиште. Никола е четврто одделение, додека Дијана е прво – вели Василевски.

Бидејќи не работи веќе една година, а неговата сопруга мора да се грижи за децата, нема услови да им обезбеди компјутер, ниту пак, мобилен телефон на децата кои одат на училиште за да можат да ја следат наставата онлајн, па оди во училиштето кај нивната учителка за да им ги земе домашните задачи кои потоа тие дома ги работат.

– Имам само јас еден телефон, потребен ми е за да најдам некаква работа. Не можам на децата им обезбедам компјутер. До пред една година беше добро, бидејќи работев во приватна градежна фирма, но поради пандемијата сите нè отпуштија од работа.

Сега се снаоѓам како знам и умеам. Некогаш ќе ме викнат да сработам нешто, но тоа е еднаш во текот на месецот, а во меѓувреме просам за моите деца. Не ми се срам, барем не крадам – раскажува Василевски.

Тој вели дека неговиот живот воопшто не бил лесен. Уште како седумгодишник останал без своите родители кои починале, а од 18 години до пред една година со своето семејство живеел под кирија на повеќе места.

Кога пред една година успеал да најде работа во приватна градежна фирма, зел и кредит од 5.000 евра и успеал со нив да изгради соба, ходник и тоалет, а почнал да копа и темели за уште една соба бидејќи има големо семејство.

Благодарение на хуман човек успеал да се приклучи на струја, а од кумановски Водовод, увидувајќи ја неговата состојба му овозможиле да ги плаќа сметките за вода на рати.

– Откако ќе ги платам сметките, ми остануваат само уште 3.000 денари. Тие се за шестмина. Овие 3.000 денари се малку за еден да го помине месецот, а не за шест лица.

Затоа, повторно молам да ми помогнат хумани луѓе, било со средства, било со материјали да го сменам покривот на куќата, да го доуредам тоалетот кој нема плочки, па и да ја доизградат собата за која има само темели за да се прошириме малу – апелира Василевски.

Денеска на малиот Никола му е роденден, а Денис вели дека нема скршен денар да му купи торта или роденденски подарок. Секој што сака да помогне може да му се обрати на Денис на телефонскиот број: 077-854-865

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *