Пејачот Влатко Миладиноски со голема радост

  • By admin
  • април 12, 2021
  • 0
  • 6796 Views

Влатко Миладиноски, по неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство. Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи, туку кариерата ја гради на квалитетна музика и песна.

Влатко посебно ќе го памети овој тежок период, бидејќи состојба со вирусот ги одложи сите гостувања во Европа и големата турнеја за македонците во Америка и Канада, но сепак е ова доказ дека може и со ова темпо да се живее кога мора.

Голем број Македонци, поради одредени причини заминале од родната земја, но со намера и сон еден ден да се вратат назад да живеат во Македонија.

Каде и да се низ светот, повеќето од родителите сакаат нивните деца да ги оженат во родната земја. Токму ова, го опеа познатиот фолк пејач Влатко Миладиноски во неговата последна песна “Се вратив сине”.

„Јас често патувам и навистина уживам во секое патување. Секогаш имам простор за релаксирана прошетка таму каде што настапувам. Некако Цирих би го издвоил кој често го посетувам и за кој ме врзуваат убави спомени.

Тој изобилува со многу места за прошетка, реки и прекрасно езеро. Нивното езеро ме потсетува на нашите три бисера: Охрид, Дојран и Преспа. Но, да ви кажам имаат и многу убави чоколади и сирења, не за џабе Цирих е град на чоколадо.

Јас сум човек кој сака природа. Затоа и Ботаничката бавча би ја издвоил и еден ден сакам да ја одведам и сопругата за да ужива во тој рај за очите. Но, ниедно место не би го заменил со нашата мила Македонија и Кичево, вели Влатко.

Македонскиот фолк пејач, Влатко Миладиноски го доби своето второ дете, а Илинче за своја најголема радост си доби сестричка, објави попладнево естрадниот портал „Естрада Плус“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.