Пекара „Нафака“ дели бесплатно леб: Никој од нашите браќа не смее да биде гладен

  • By klaster3
  • април 3, 2022
  • 0
  • 556 Views

Верниците од исламска вероисповед на 2ри април го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 1 мај. За време на постот од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување.

Рамазан е деветти месец во исламскиот календар и тој е свет месец за муслиманите затоа што во него започна откривањето на Куранот, светата книга на муслиманите

По рамазанскиот пост, на 2 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите.

Ова е посебен период во животот на муслиманите, но и време на дарување, кога муслиманот не може да спие мирно ако неговиот брат муслиман е гладен.

Така, сараевската пекара „Нафака“ се грижи никој да не остане гладен за секој Рамазан. И оние кои имаат, но и оние кои немаат. Секој може бесплатно да земе сомун чиј мирис се шири на половина Сараево.

– Така е, уште во првите две години кога почнавме со работа даваме сомуни на оние кои немаат. Со тек на време дури и нашите редовни потрошувачи земаат без пари.

Значи, по цел ден има гратис сомуни. Освен за Рамазан преку целата година беспланто даваме сомуни – кој нема пари доаѓа на шалтер и добива сомун, вели сопственикот на пекарата за Аваз ТВ.

– Никој од нашите браќа не смее да биде гладен, додава тој и вели дека уште во младоста чествувањето на празникот Рамазан му бил за мерак.

– Еве, сега судбина, се случи тоа да даваме бесплатни сомуни на оние кои немаат, навистина за мерак, завршува тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *