Пастор Филип Иванов кој е докажан хуманитарец на својот профил на фејсбук сподели стату за уште еден голем потег:
-НЕ САМО МУ ДАВАЈ РИБА НА ЧОВЕКОТ, АМИ ДАЈ МУ САМ ДА СИ ФАЌА РИБА
Пријатели, следејќи ја оваа максима, со огромна радост ви соопштувам дека како црква започнуваме со Проект за стипендирање на студенти од социјално заг розени семејства!
Има еден куп деца околу нас кои имаат огромен креативен и академски потенцијал, а се наоѓаат во отежнати услови за студирање и се соочуваат со безброј предизвици заради својата состојба, но и покрај тоа успеваат да остварат успех и добар просек.
Затоа одлучивме, по Божја милост, да се заземеме за нив и да ги стипендираме со 6.000ден. месечно, до завршувањето на нивните студии.
Проектот подразбира и менторирање/туторство од страна на високо квалификувани и веќе остварени професионалци во нивните засебни области.
Целта е да се поддржи образовниот процес на млади луѓе кои и покрај нивната материјална состојба негуваат одлични карактерни особини и работни навики, и да се овозможи создавање на професионални врски уште за време на нивните студии, што подоцна ќе им помогне при вработување и нивно кариерно остварување.
Поради сето ова (и многу повеќе) ВЕ МОЛАМ: – споделете го овој пост- приклучете се кон оваа иницијатива со ваши донации (повеќе донации – повеќе студенти)
– известете студенти кои би можеле да аплицираат (редовни студенти на државните универзитети, од социјално загрозена категорија, со просек од 7.5 или нагоре)
За детали за донации или за апликација и потребни документи, контактирајте ме во приватна порака или на [email protected]
(ymail е, не е грешка )
Ајде заедно да испишеме иднина и надеж за мнозина млади во Македонија!