Мајстор Перо: За мене тука е Германија, не можам да постигна, почнав да одбивам работа

  • By admin
  • јули 8, 2021
  • 0
  • 11152 Views

Многу ми е чудно кога секој втор сограѓанин ќе ми каже дека излез гледа само со равота во странство. Дека тука нема пари, нема убав живот небаре во странство цвета.

Многу мои пријатели и роднини заминаа па еве ги сега глава не можат да дигнат од работа сакаат малку раат, ама нели, секој си го бара тоа што го нема.

Седи тука и служи му на својот народ, како што и младо и старо е тргнато со тој ум – само во странство, на крај никој нема да остане во државата.

Јас на пример никогаш не сум имал желба да заминам во странаѕво да раборам иако не живеев многу убав живот. Родителите имаа скромни примања, па така скромно и пораснав.

Не барав многу, а денес имам и за живот и за одмор и за заштеда. Таква ми била среќата. Одев еднаш во Германија да работам како ерген, навистина се зема плата, ама зошто пак да се мачам да работам за Германците кога можам за мојот македонски народ да работам.

Откако се оженив и си ја зацврдтов работата сега ни на крај памет не ми е да одам во странство. Образован не сум, не можев да учам факултет, но затоа пак имам нешто повредно – занает.

Денес се повеќе замира занаетчиството, старите пројдоа, а младите не сакаат да бидат занаетчии демек тоа понижувачка професија е. Е така е, сите сакаат фотелји. Јас воопшто не се срамам од мојата професија.

Порано работев сè и сешто, но сега си работам како водоводџија. И сопругата и децата го почитиваат мојот занает, па како и не би кога најмногу заработувам.

Искрено не можам никако да се пожалам, можеби на некој му е чудно или гадно кога ќе слушне дека некој работи како водоводџија, но тоа воопшто не е така.

Работа имам на претек, дури не можам ни да постигнам. Си имам створено и име досега, па затоа и познати и непознати цело време мене ме повикуваат.

Пред некое време си зедов и две момчиња со мене, тие ми помагаат многу и ете ме радува тоа што имаат желба да учат. Се надевам само дека до крај ќе продолжат со занаетот.

Моиве деца мали се уште и не знам кон што ќе се насочат. Ама еве ви велам навистина е дпбра заработувачката и има многу работа. Постојано нешто се гради, цели згради сум поврзувал со вода.

За низ домовите да не зборувам, постојано доаѓаат повици па дури и за викенди работам. Се случува кога има повеќе работа и по цел ден да се задржам.

Правиме инсталација за вода во купатилата и кујните низ куќите, становите, викендици, значи има работа само ако сакаш да научиш занает. А луѓето се спремни да платат многу пари зашто нема многу водоводџии и сакаат работата да им се заврши за брзо.

А ние си креваме цена, како што расте побарувачката така си расте и цената ма работата. Постојано договараме со нови луѓе, почнав и со закажување да работам зашто сè ми е измешано.

Еве сега овој период сме ептен зафатени со работа, не можам да постигнам и дури неколку барања за работа одбив. Луѓето мораат по месец, месец дена однапред да закажат за да им се заврши работата.

Надеж ми се двете момчиња што доаѓаат со мене, ем тие ќе си заработуваат убаво, ем мене ќе ни ја растеретат работата. Моите деца дури се гордеат со мене, секаде ме фалат затоа што им помагам на луѓето и им завршувам основа животна потреба.

Навистина е многу добро и исплатливо денес да знаеш некој занает. Им се радувам на некои што сами почнале, се учеле и испраксирале сами, па еве ги сега пари прават.

А за кој било занает секогаш ќе има побарувачка, се дури живеат луѓето ќе имаат потреба од занаетчии. Еј, па кога ќе слушнам муабети, абе ти со твојот ум да отидеш во Германија има богатство да направиш, знаеш ли колку плаќаат таму за оваа работа?

Не сакам, јас си стојам на мојот став, јас ќе му помагам на мојот народ, досега сум презадоволен и немам потреба да заминам во странство.

Децата мои ако одлучат некогаш нека одат, јас си останувам тука. Никаде не се заработува лесно и мора да се вложи голем труд. Ете поука и до младите луѓе, бидете работливи, вредни и направете го вистинскиот избор, а парите сами ќе си дојдат.. нека не ве лажат многу дека во странство многу и лесно се заработува.

Обработил: Д.С Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *