Панчо од ДНК јавно се пожали: Другарка ми Миа ме одра 5000 евра

  • By admin
  • февруари 24, 2021
  • 0
  • 1720 Views

ДНК важи за една од најстари македонска поп група која што се уште опстојува на сцената. Основана е во 2002 година, а членови на групата се Владимир Блажев – Панчо (роден 29 јули 1979 во Скопје) и Андреја Ѓорѓиески – Андреј

Панчо е мошне активен на социјалните мрежи, па така тој на својот профил ја сподели нивната песна Ние во која клуми познатата македонска водителка и инфлуенсерка Миа Костова.

Популарниот Панчо напиша притоа:

Одамна не сум споделил нешто од DNK, а за кратко време ќе има и доста нови ствари. ПС – Овде глуми Миа, другарка не другарка ме одра 5.000 еур за да глуми ( со попуст )

Миа не му остана должна и веднаш му реплицираше во коментар каде што напиша:

-Дружба си е дружба, служба си е служба. 5000 кеш и 5000 просеко испив у хотелот, пак си наплатив колку што треба. Мисли си ти дека си имал попуст

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *