Панчо од ДНК распали: Срам да ви е и арам

  • By admin
  • март 29, 2021
  • 0
  • 744 Views

Како што е познато викендов кој веќе е зад нас голем број Македонци, неколку илјади се вакцинираа против вирусот во соседна Србија.

Повеќе од 2.000 стопанственици, членки на Стопанската комора викендов во Србија се вакцинираа против вирусот

Примија „АстраЗенека“ во спортската сала „Чаир“ во Ниш, а како што велат од Комората, ревакцинацијата им е закажана на 19 и 20 јуни 2021.

Претходно со донација од Србија се вакцинираа и медицинските лица, а први кои во Србија ја примија вакцината беа и стотина македонски новинарот.

Реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат, а познатиот музичар Владимир Блажев или Панчо од ДНК на својо профил напиша:

Кога ја имаш најнеспособната влада на светот ама за среќа имаш соседи кои покрај тоа што се хумани се и доста способни за разлика од другиве.

Каков само СРАМ и БЛАМ е ова да си го гледаш сопствениот народ како трча во туѓа земја да спасува глава а притоа ЧИТАЈ:

ПЛАЌАМЕ ЗДРАВСТЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, само не знам за што, бидејќи на крај секако повеќе од 50% заразени завршуваат во приватните болници кои пак му наплаќаат баснословни суми на овој сиромав и изм ачен народ.

Срам да ви е и арам, не знам како уште имате лице да се појавувате по медиуми. Ова е НАЈГОЛЕМ ПОРАЗ за една државата, ама голем чекор за хуманоста. Длабок наклон за Србија.

ПС: Не ми зборете за политички партии и кој е кој, зборете ми за дали некогаш имало некој способен во изминативе 30години што народот му верувал и што не гледал за својот џеб туку за интерес на својот народ!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *