Осетно зголемување на платите за градежниците во Германија

  • By admin
  • ноември 26, 2021
  • 0
  • 267 Views

Промените во социјалниот, политичкиот и економскиот систем, кон кои ќе тежнеат во претстојниот период, а кои се однесуваат и на Македонците коишто живеат во дијаспората доаѓаат на голема врата. Според податоците на Евростат, во јануари 2019 година имало 102,052 македонски државјани коишто живеат во Германија.

Една од најголемите најавени промени е зголемувањето на платата. Конкретно, станува збор за зголемување на минималецот и тоа од 9,6 евра на час, колку што сега изнесува, на 12 евра на час.

Ова практично значи дека, на пример, еден градежен работник кој моментално заработува околу 2,650 евра месечно, би можел да заработи и до 662 евра повеќе, односно 3,312 евра. Помалку платените работници, како оние во угостителството кои сега заработуваат во просек по 1,800 евра, во иднина би заработувале до 2,250 евра.

Германскиот завод за статистика редовно ги објавува податоците за платите. Во продолжение можете да ги погледнете последните достапни податоци за просечните плати по занимања, со кои нашите гастарбајтери најчесто се бават и нивното потенцијално зголемување со измени на минималната цена на трудот.

Градежништво

Ѕидар 2,900 евра/ по ново 3,625 евра
Тесар 2,700 евра/ по ново 3,375 евра
Керамичар 2,660 евра/ по ново 3,325 евра
Молер 2,350 евра/ по ново околу 2,930 евра
Здравство

Медицинска сестра 2,600 евра/ по ново 3,250 евра
Масер 2,450 евра/ по ново околу 3,062 евра
Негувател на стари лица 2,350 евра/ по ново околу 2,937 евра
Физиотерапевет 2,070 евра/ по ново 2,587 евра
Доктор 6,600 евра/ по ново 8,250 евра
Индустрија

Раководител на производство 4,500 евра/ по ново 6,625 евра
Електротехничар 3,460 евра/ по ново 4,325 евра
Техничар за електроника 3,140 евра/ по ново 3,925 евра
Заварувач 3,000 евра/ по ново 3,750 евра
Работник во производство 2,500 евра/ по ново 3,125 евра
Автолакер 2,560 евра/ по ново 3,200 евра
Транспорт

Возач на камиони 2,400 евра/ по ново 3,000 евра
Возач на автобус 2,200 евра/ по ново 2,750 евра
Возач – доставувач на пакети 2,100 евра/ по ново 2,625
Магационер 1,900 евра/ по ново 2,375 евра
Угостителство и одржување

Помошник готвач до 1900 евра/ по ново 2,375 евра
Келнери околу 1,800 евра/ по ново 2,250 евра
Собарки, одржување околу 1,800 евра/ по ново 2,250 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.