Германија се откажува од воведувањето на обврската за вакцинација против коронавирус за сите полнолетни граѓани и наместо тоа треба да воведе обврска за лицата над 50 години.
„Во моментов ја напуштаме иницијативата за воведување општа обврска за вакцинација за сите луѓе над 18 години. Наместо тоа, од есен треба да важи обврската за вакцинација за лицата постари од 50 години“, велат група пратеници собрани околу Социјалдемократот, политичарот Хајке Бахренс за законската обврска за вакцинирање.
Предлогот, кој беше претставен откако стана јасно дека законот за задолжителна вакцинација за сите полнолетни граѓани нема да има мнозинство во Бундестагот, отвори можност парламентот на почетокот на септември да гласа за задолжителната вакцинација за сите полнолетни граѓани.
Неделава Бундестагот треба да одлучи за обврската за вакцинирање, а предлог-законот со кој ќе се обврзат сите постари од 50 години да се вакцинираат би можел да има поддршка од мнозинството пратеници.
Во рамките на коалицијата на социјалдемократско-зелено-либералната влада, претставниците на Либерално-демократската партија се спротивставија на општата обврска.
Во Германија стапката на вакцинација е 76 отсто и е релативно ниска во споредба со другите земји-членки на ЕУ.
Во Германија карантинот поради инфекција со коронавирус ќе биде необврзувачки од 1 мај.
Министерот за здравство Карл Лаутербах рече дека заразените нема да мора да одат во изолација од овој датум.
Тој додаде дека карантинот ќе биде само на доброволна основа.
Лаутербах објасни дека Министерството ќе издаде само препорака заразените со корона да бидат во изолација пет дена.
Но, предвиден е еден исклучок, а тоа се медицинските работници, за кои ќе важат важечките правила за карантин, а тоа е дека мора да одат во изолација од пет дена по што би се тестирале.