Од државите во регионот кај Македонците е најмала желбата за иселување

  • By admin
  • јули 4, 2021
  • 0
  • 1840 Views

Како што објавивме пред неколку дена деценискиот бран на масовно иселување, пред сѐ на младите од земјата, за време на изминатите две години, од затворањето на границите и прогласувањето на пандемијата на Ковид-19, не само што е запрен, туку е зголемен и бројот на оние коишто се доселиле во земјата.

Најновите податоци за Државниот заводот за статистика покажуваат дека од Македонија се отселиле 1.082 лица во 2020, но се доселиле 1.848 странски државјани.

Најголем број на иселените лица – 257 се од Југозападниот регион кои што одлучиле да заминат да живеат и работат во странство. Следуваат Југоисточниот регион со 218 отселени жители во странство, Полошкиот со 149, Вардарскиот со 142 и Источниот со 139.

Скопскиот регион има најмалку жители што се отселиле во други држави – само 42, покажува Извештаотј за живородени деца, умрени лица и миграции на Државниот завод за статистика. Вкупно 664 од отселените живееле во градски подрачја, а 418 во селски.

Најголем број од странските државјани кои што одлучиле да се доселат во земјава, новиот дом го пронашле во градските подрачја – 1.428, додека 420 заминале да живеат во село.

Албанците во 2021 искажале најголем процент на желба за живот и работа во странство, во споредба со другите земји во регионот, според истражувањето на Советот за регионална соработка (RCC) во Балканскиот барометар 2021 година.

Според резултатите од истражувањето, 46% од испитаниците во Албанија размислуваат да ја напуштат земјата. Ова e највисок процент во регионот. После Албанците, Црногорците покажаа најголема желба за иселување со 45 отсто од испитаниците, Бошњаците со 39 проценти, Косово со 32%, Србија со 25% и Северна Македонија со 27%.

Од вкупниот број испитаници од Албанија кои сакаат да емигрираат, 68% се насочени кон земјите од Европската унија и 25% кон Соединетите Американски Држави.

Иселувањето стана најакутен проблем во реонот, бидејќи бројот на иселеници, главно млади, се зголемува, осставајќи го во прашање одржливиот развој на Западен Балкан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *