Носејќи дрва на рамења храни пет деца – има само едно барање од државата

  • By klaster3
  • август 19, 2022
  • 0
  • 490 Views

Секојдневно читаме приказни за обични луѓе кои успеваат да ги прехранат своите семејства со напорна работа. Едно такво семејство е семејството Рамуљ од Витез, кое се бори да преживее и редовно да ги праќа своите деца на училиште.

Тие му се јавиле на новинарот Среќко Стиповиќ да му кажат дека им ја исклучиле струјата поради долг и пет деца спиеле на свеќи.

Бидејќи немаат редовни приходи, тие се принудени да берат шумски плодови во лето, да собираат дрва за зимата и кога треба да ги продаваат на други луѓе за да можат да купат основна храна за живот.

Хамди со рачна пила се че дрва, а потоа ги носи на рамо скоро по еден километар. Става перница под дрвото да не му го пов реди рамото. Никаде не може да најде работа, па размислува повторно да аплицира за аз ил во некоја од европските земји.

– Јавно кажувам ако му треба на некој дрва или дрвоцепач или канали да се копаат, веце ако треба да се чисти, се согласувам со секаква работа.

Спремен сум да работам било што само да го платам долгот за струја и да не бидат децата во мрак. Навистина ми е потребно нема каде не сум бил да аплицирам, но гледам дека немам среќа.

Човек на 50 години доби работа со врски, а мене на 35 години не ми даваат. Ова е никаква држава, ако ништо не биде ќе си ги соберам жената и децата и ќе барам азил. Ништо не ми е тешко да работам, јас сум млад срам ми е да барам милостина.

Како живее семејството со пет деца, од кои четири одат на училиште без вработување и редовни примања, само двајцата родители си знаат.

На скоро 10тина ден од започнувањето на учебната година родителите не можат да им купат никаков прибор на децата, а камоли облека или нешто друго.

– Оваа година ништо не подготвив за новата учебна година затоа што немаме од каде. Еве имаме долг за струја не можеме да го платиме. Храна немаме, фрижидерот така стои празен.

Се што ќе купиме веднаш го јадеме – нема излез. Побарав еднократна помош, ја чекавме 4 месеци и добивме цели 50 марки и што уште да те држи во оваа држава, овде е про паст, вели мајката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.