Д-р Вело Марковски проговори за своите децата – откри и кој ги наследил неговите афинитети за музика и медицина

  • By klaster3
  • август 19, 2022
  • 0
  • 319 Views

Познатиот инфектолог д-р Вело Марковски важи за еден од врвните стручњаци во својата област, уште од времето на некогашна Југославија.

На македонската јавност и стана познат по своите настапи во медиумите, особено на ТВ, своите излагања, стручни анализи, препораки по појавата на вир усот.

Како еден од најстручните инфектолози и искусен професор, тој често гостуваше во медиумите, а неговите емисии предизвикаа внимание и надвор од државата.

Во брак е со младата манекенка Евгенија Марковска со која имаат две деца – синот Павле и ќерката Катерина. Нивниот брак уште на почетокот предизвика лавина од коментари, но тие докажаа дека ништо не може да им влијае на врската.

Како што е познато на Вело ова му е и втор брак. Тој претходно беше во брак со поранешната пратеничката Ѓулистана Марковска со која ја има ќерката Ева Марковска.

Д-р Вело работи како професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и извесно време се повлече од јавноста и гостувањата, но имаше прилика последно да гостува во емисијата „Здраво Македонијо“.

Професорот доби низа прашања меѓу кои и за последната преработка на стара македонска песна „Песна за Стојан војвода“ и сними спот за истата, но и за тоа кое од неговите деца најмногу покажува интерес за музика.

– Најмногу и пеам на Катерина, сака да и пеам кога заспива. Мијачките песни „Зајди, зајди“, Параходот, повеќе тие сакам да ги пеам.

Ќерката Ева заврши медицина, специјализира очно и таа преубаво пее, меѓутоа не знам сега е во некоја фаза на специјализација, на учење и веројатно не и е многу до пеење.

Иначе преубаво пее. Со неа кога беше помлада, а одеше и на музички часови, знаевме да пееме. Сега Павле и Катерина се мали, па ќе видиме колку ќе ја сакаат музиката, објаснува д-р Марковски.

Познато е дека состојбата со вработувањата на млади лекари во здравствените центри низ земјава не е најсјајна, но сепак секоја година има голем број на студенти кои се одлучуваат да ја изучуваат најхуманата професија.

– Голем е интересот на младите. Имаме прекрасни генерации, за жа л ние возрасните имаме лош пример. Голем дел од тие наши богатства многу брзо одат во странство – неоправдано уште додека студираат се спремаат или размислуваат да одат по запад и тоа е огромна загуба.

Со години и години лекарите се ставни во класа од општеството на администрација и за вработување со години не можеме асистент да примиме, и да сакаат студентите, додава професорот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *