Никола Тодороски предложи нова измена во Уставот за подобар живот

  • By klaster3
  • јули 9, 2022
  • 0
  • 436 Views

Нема кој не гледал барем една епизода од Македонските народни приказни, многумина израснавме токму со нив и тие оставија неизбришлива трага од нашето детство но и сегашност.

Научивме многу мудрости, се смеевме и подучувавме. Еден од тие актери односно од поновата генерација е и охриѓанецот Никола Тодороски.

Тој заедно со Владо Дојчиновски се едни од најпознатите преставници на поновата генерација актери и го носат епитетот на новите Ванчо и Гоце.

Никола како гостин во емисијата ,,Магазин” на Сител телевизија и зборуваше за својата кариера, што му е во фокусот сега и зошто не снима повеќе приказни.

– Стенд ап е нешто што го работам моментално и сум најмногу фокусиран на него, можам да кажам дека овој жанр е најтежок бидејќи треба да предизвиката насмевка кај луѓето и да има смисла.

– Ова е нешто што најмногу би сакал да го работам, не е лесно час и нешто да ги држите луѓето насмеани и да не и е здодевно.

– Секако театарот е неизбежен, матичнот Охридски народен театар во кој се трудевме 10 години да го направиме професионален и се избо ривме, а таму сум и вработен.

– Народните приказни ги снимав за неколку телевизии, многу епизоди, и едноставно осетив презаситеност. Се појави многу продукции што снимаат нешто со што би ги доловиле македонските народни приказни.

– Се решив да променам нешто во мојата кариера, а секоја промена е добредојдена, па така фокусот го ставам на станд апот, вели Тодороски.

Изминатиов период секојдневно се одржуваат протести против изменетиот француски предлог за Македонија во кој се наведуваат промени во Уставот како услов за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Скоро сите јавни личности во Македонија дадоа свој став околу ова прашање, па на ред дојде и актерот Тодороски кој на Фејсбук профилот даде предлог и напиша:

„Гледам нешто сите ко на желботека се во врска со уставот си викам и јас да предложам да вметниме една рецепта за трилече за и официјално на сите да ни е поблаго во животов“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.