Никола Груевски се огласи по подолг период и сподели поуки и лекции

  • By admin
  • август 12, 2021
  • 0
  • 11280 Views

Екс премиерот на Македонија и поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски како шт е познатоа од ноември 2018 година е избеган во Унгарија каде што има побарано политички азил од тамошните власти откако требаше да одлежи 2 години зад решетки во Македонија.

Откако судот донел решение Груевски да одлежи 2 години за случајот „Тенк“ во за творот во Шутка, неговиот тим од адвокати поднел жалби кои биле одбиени на 9 ноември 2018 година, петок, и повторно го потврдиле решението на Груевски.

Судот го ограничил да се јави на одлежување на каз ната најкасно до понеделник. Во понеделникот Груевски не се јавил во за твор и МВР издало национална потерница за него.

Следниот ден Груевски преку својата Фејсбук страница ја обавестил јавноста дека се наоѓа во Будимпешта и има побарано политички азил од Унгарија. Поради тоа потерницата за него била преиначена во меѓународна.

Бегството и барањето за политички азил на Груевски во Унгарија предизвикало низа реакции дома и во регионот. Поради политичката ситуација, и десното и левото крило на опозицијата во Унгарија, ос тро реагирале и побарале од унгарската влада да го уа пси и ит но да го екстрадира Груевски назад во Македонија.

Утрото на 27 јуни 2019 година Груевски со лисици на рацете бил спроведен во суд во Будимпешта за да присуствува на рочиште за барањето на македонските власти за негова екстрадација, кое рочиште по барање на неговиот адвокатски тим било затворено за јавноста.

Барањето за негова екстрадација од страна на македонското Министерство за правда е поради правосилната двегодишна зат ворска каз на за случајот на СЈО „Тенк“, од која казна тој избега.

Одлуката од рочиштето набрзо истиот ден била соопштена и според истата барањето на македонските власти е одбиено и Груевски останува во азил во Унгарија.

Од тогаш Груевски од време на време знае да се обрати преку својот профил на фејсбук. А така беше и овојпат.

Никола Груевски по подолг период вчера се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели линк од свој текст и притоа над него напиша:

Во пресрет на завршувањето на периодот на 10-те дена Крушевска Република, во прилог еден текст за оние кои сакаат да прочитаат интересни и за многумина непрочитани детали од националната историја на македонскиот народ поврзана со илинденскиот период и поуки и лекции кои можат да се извлечат од тоа…

Во продолжение тука може да го проследие целио текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.