Повеќе од половина млади во Македонија со мисла да се иселат од државата – не гледаат иднина тука

  • By admin
  • август 12, 2021
  • 0
  • 2061 Views

Добро познато е дека голем дел млади од Македонија се ислеија или планираат тоа да го сторат што го покажува последниот податок.

Младите се незадоволни од своето место во општеството – само една третина веруваат дека за пет години државата ќе биде подобро место за живеење. 58% од младите би се иселиле од Македонија, доколку им се укаже можност.

Од нив, само 6,9% би се вратиле назад во земјата. Речиси 8 од 10 млади (77,3%) луѓе сметаат дека властите делумно или воопшто не се грижат за нив и нивните потреби.

Ова се дел од резултатите на студијатата за Социо-политичко учество на младите: Неизвесност, нееднаквост и различни очекувања на Фондацијата за демократија на Вестминстер и Младински образовен форум којашто е објавена денеска.

Како и на минатогодишното истражување, младите и сега се надеваат дека до 2025 година, Македонија ќе стане дел од ЕУ. Во екот на пандемијата со Ковид-19, 40,9% од младите не се задоволни од начинот на справување со кри зата. Тие сметаат дека се потребни пост роги мерки за справување со корона вирусот од страна на властите.

„Она што особено загр ижува е фактот дека повеќе од половина од младите луѓе (56%) ретко или никогаш не ги следат и не пројавуваат интерес за актуелните политички случувања и настани во државата.

Дополнително, 7 од 10 млади се опишуваат себеси како главно или воопшто неактивни граѓани во општеството“, вели Димитар Низамовски, извршен директор на Младински образовен форум (МОФ).

Иако повеќе од половина од младите испитаници се изјасниле дека не следат и не се заинтересирани за политичките случувања во земјата, сепак кога се изборите во прашање, секој втор млад човек редовно гласа на избори (53%), а дополнителни 26% гласаат понекогаш. На последните парламентарни избори во 2020 година, гласале високи 74,7% од испитаниците.

„Ова се прилично поразителни податоци кои говорат за генералната ниска заинтересираност за политичко учество на младите. Од поголемата палета на активности што им стојат на располагање за социо-политичко учество (членство во граѓански организации, политички партии, неформални групи, комуникација со локалните и националните власти, гласање на избори), испитаниците најмногу се одлучуваат за гласање на избори.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Високи 79% редовно или понекогаш гласаат на изборите во државата затоа што на тоа гледаат првенствено како граѓанско право и обврска“, анализира Низамовски.

Тој смета дека за да се активира младината во Северна Македонија, потребно е да се стави поголем фокус на граѓанското образование во формалниот образовен систем со цел градење на поголема политичка култура кај нив и создавање интерес и навика за следење и разбирање на политичките случувања.

Дополнително, преку промоција на волонтерството, младинската работа и активното граѓанство од страна на државата и граѓанскиот сектор, младите ќе се запознаат со различните форми на организирање и учество и ќе се чувствуваат охрабрени и оспособени да придонесуваат кон подобрување на својата положба во општеството.

Целата сторија може да ја проследите на Дојче веле на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *