Поради не добриот пат, тешко е да се стигне до некои села од општината Прокупље и со теренски возила. Најтешка е состојбата на планината Радан и Видојевица, каде младите и покрај проблемите, се решени да останат и да живеат од добиток и земјоделие.
Јовичиќ го заменија Белград, каде што живееја шест години, за Трнов Лаз, место на падините на Видојевица, од каде што до првата продавница и доктор може да се стигне за два часа возејќи по ископан пат, долг дваесет километри.
„Дојдов овде на имотото на дедо ми да продолжам да работам. Имам 42 кози во моментов, тоа е профитабилно, секако дека имаме помош од државата. Тие ни даваат субвенции, што значи многу”, вели Ненад Јовичиќ од Трнов Лаз.
Маја Јовичиќ вели дека создале семејство, дека имаат четири деца. Таа додава дека заеднички решиле да одгледуваат кози.
„Се исплати многу, правиме сирење, имаме кајмак, имаме се што ни е потребно и ни се исплати да живееме тука“, вели Маја.
Може да се заработи и од овошје, но поради патот, тешко е да се продаде.
“Никој нема да дојде до тука да го откупи и однесе. И кога би родило добро, нема да имаме пласман. Без оглед на се имаме волја. Ние работиме четири хектари, ова е она што може да се види сега,а се подготвуваат уште три хектари“, вели Раде Видиќ исто од ова село за РТС.
Овие планинари веќе долго време знаат дека патот им значи живото, па затоа тие повеќепати им се обратија на властите во Прокупљ со апел да им се среди патот.
„Се надевам дека ќе видат и слушнат дека планината е сè уште жива бидејќи има многу млади луѓе и многу мали деца“, изјави Предраг Јовичиќ, уште еден од слото Трнов Лаз.
Оваа зима тие беа отсечени од светот поради снегот и мразот, што им создаде дополнителни проблеми.
“Веќе три недели, сите се собираме од селото и го правиме патот, како што правиме денес. Значи, мора да се спасиме”,додава тој.