Нема промени: Вучиќ со едногласна одлука останува на чело на партијата

  • By admin
  • ноември 28, 2021
  • 0
  • 345 Views

Претседателот на Српската напредна партија Александар Вучиќ одби да го прифати едногласниот предлог на сите членови на таа партија повторно да се кандидира како единствен кандидат за претседател на СНС, изјави една од потпретседателите на таа партија Ана Брнабиќ.

На изборното собрание на СНС беа избрани седум нови потпретседатели на партијата, како и нови членови на партиското претседателство.

По петтото изборно собрание на СНС, Ана Брнабиќ изјави дека нашле компромисно решение што значи дека Александар Вучиќ ќе ја води СНС до изборите во април, по што ќе се одржи вонредно собрание на кое ќе се избира претседателот и заменик претседателот на СНС.

-Едногласна одлука на сите членови на СНС, на сите месни и градски одбори беше претседателот Александар Вучиќ да продолжи и да биде единствениот кандидат за претседател на СНС. Александар Вучиќ одби да се кандидира за претседател на СНС, па затоа постигнавме компромисно решение и му го продолживме мандатот, така што тој ќе продолжи да ја води СНС до овие избори, односно да ја поддржува партијата и да и помогне и на овие избори, изјави Брнабиќ.

По изборите на сите нивоа во Србија што ќе се одржат на 3 април, Српската напредна странка, како што најави Брнабиќ, ќе има вонреден конгрес на кој ќе ги избере и претседателот и заменик-претседателот на партијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.