Д-р Даниловски се огласи за „омикрон“ и јасно кажа што би требало да се преземе

  • By admin
  • ноември 28, 2021
  • 0
  • 282 Views

И Македонија треба да има мерки поради новиот корона сој, да ги затвори границите на неколку недели за да се успори инвазијата на „омикрон“, вели епи

Tој во разговор за Канал 5 појаснува оти овој сој нема да можеме да го спречиме да влезе и кај нас бидејќи премногу брзо се шири, но со мерките би добиле на време за да дознаеме повеќе за него.

Според Д-р Даниловски Македонија треба да го следи примерот на Израел. Оваа земја ги стопираше воздушните линии и наложи карантин за своите државјани кои ќе влезат во Израел, а во следните две недели нема воопшто да пушта странци.

„Јавниот превоз е проблем, јас одамна зборувам. Треба да се воведе скалесто работно време за да може да се редуцира бројот на автобусите.

Училиштата да продолжат сонастава во физичко присуство, а да се затвораат селективно, ако има некаде каде што ќе се надмине одреден број на заболени.

Ако се потврди дека овој сој дава благи симтоми нема да има потреба за загриженост дури и да биде 500 пати позаразен, вели Даниловски за Канал5.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *