Откако вчера низ медиумите беше објавено соопштение од оштетените штедачи на Еуростандард Банка, кои тврдат дека фирмата „Брачна игра“ ДООЕЛ, во сопственост и управување на актерот Игор Џамбазов е една од фирмите кои земале ненаплатлив кредит од Еуростандард банка, се обрати и самиот тој со демант и ја објасни својата срана на приказната.
Во соопштението на актерот се демантираат неколку работи како невистини, а се однесува на тоа дека речиси половина од парите се веќе вратени, спротивно на она што се пишуваше утринава, а за остатокот се бараат начини како средствата да бидат допрва вратени, како и тоа дека не е точно тврдењето дека друштвото пливало во долгови и немале приходи за време на земањето на самиот кредит.
Под објавата на Игор Џамбазов на фејсбук има голем број реакции и коментари од негови фанови, пријатели и познаници.
Меѓу истите има и многу негови колеги и познати луѓе од естрадата, глумци, новинари, спортисти, уметници и музичари.
Еден од нив беше и еден од најпознатите македонски пејачи на народна музика, Наум Петрески кој важи за човек без „влакна на јазико“.
Па така Наум Петрески во коментар на објавата на Игор Џамбазов напиша:
„Уживај и не дозволувај никог да те газе. Клошари и душебрижници колку и да сакаш во оваа сеир државиче кое баш тие го направија безвредно.
Додека вие, ние и уште по некој од ваквите како нас ја збогатија со цела душа и досегашна работа и само работа. Поздрав од сите искрени пријатели, а ги имаш многу.