Мишко од кочанско: Живеам без ниту еден денар, имам семејство но сите се од корист

  • By klaster2
  • јуни 13, 2022
  • 0
  • 496 Views

Мишко Тасев од кочанско Мородвис е човек кој живее осамен и сиромашен живот, едвај преживува и сврзува крај со крај во голем о чај.

Цел живот се ма чи, од мал останал сирак, гладувал и бил исмејуван од околината. Како мал доживеал не згода која ќе му остави последици за цел живот.

Неговата сестра заминува млада на другиот свет оставајќи мали дечиња за чување, а мајка му е таа која ги превзема и ги чува.

Се храни со леб постар повеќе од една недела, но некогаш останува и без него. Ако има нешто ќе намачка на леб а тие денови за него се луксуз.

Ваков живот Мишко не посакува ниту на душманите, а ако остане без мајка му тоа е исто како да останал на улица бидејќи нема да може да преживее.

Овој 29- годишен човек уште како дете бил исмејуван и оттурнуват од околината. Животот го минал во искината облека но и искината душа.

Мишко е човек со попреченост и не е способен да работи секаква работа. Тој исто така е во лоша финансиска состојба, претходната зима ја минал во мрак.

– Живеам без струја и без дрва, имам браќа и сестри, но тие си ја гледаат нивната работа и живот. Јас немам никаков приход.

– Ја изгубив сестра ми пред две години. Мајка ми мораше да замине во Струмица да се грижи за дечињата, па така таа повеќе е таму отколку тука.

– Имам семејство но никој не ми помага, тие чекаат од мене да им дадам, но што да и дадам јас. Ако им дадеш нешто ќе те сакаат, ако не ништо. Сите се од корист.

– Лебот ми е од пред една недела, ако имам ќе јадам ако не ќе си легнам. Ако замине мајка ми на другиот свет јас ќе бидам како куче.

– Се обратив за социјална помош, но бев одбиен неколку пати. Кога би имал некој денар барем да се прехранувам, собирам железо и така земам некој денар.

Доколку сакате да му помогнете на Мишко Тасев да ја здогледа светлината на денот тоа може да го сторите на телефонскиот број 077 577 212 или на трансакциската сметка 300057020947673.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *