За политичарите како кај нас така и ширум светот е познато дека се возат во луксузни автомобили и секогаш во јавноста се средени во одела.
Ретко кога можеме да видиме некој наш политичар во кежуал издание, а уште поретко како спортува во јавност, помеѓу граѓаните.
Важи за еден од најистакнатите министри во актуелната влада на Македонија предводена од СДСМ – тоа е Љупчо Николовски првиот човек на Министерстово за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што е веќе познато Николовски се најде во новата Влада на премиерот Димитар Ковачевски и продолжи онаму каде што застана.
Љупчо често знае да помине природ во пририода, како поради работните обврски така и со својата сопруга знаат да прошетаат во природа.
Не е тајна дека Николовски често поминува време во својот роден град Крива Паланка, а неодамна реши присуството да го искористи и за еден вид спорт.
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски на својот профил сподели фографија на која се гледа како со Љупчо Николовски и двајца пријателив возат велосипеди.
Очигледно министерот често минува време на велосипедот затоа што доцна вечерва се огласи на Фејсбук и сподели не среќна ситуација која му нанела пов реда.
„Кај нашиот народ обично се вели “кр ши нога” за среќа и успех. Вчера попладне спортувајќи, по пад од велосипедот имам скр шеница на раката.
За среќа пов редата не е сериозна и веќе утре им се враќам на работните обврски. Благодарност до лекарскиот тим и сите кои се грижите за мене.
Благодарност и до отец Дејан Апостоловски и неговата сопруга, кој беа во моментот на мојата не среќа и ми помогнаа“, сподели Николовски.