Милица заедно со ќерка си одат пеш по 5 километри за да јадат, примањата не стигнуваат ниту за лекови

  • By klaster2
  • декември 3, 2021
  • 0
  • 376 Views

Животот не го милувал семејството Ивановиќ, односно Милица нејзината ќерка Даниела и братот Зоран, кој живеат со минимални примања а многупати се и гладни.

Ова трочлено семејство живее во куќа која може секој момент да падне, па така ова семејство има несигурен сон, со сомнеж дека ќе падне врз нив некоја греда.

Поголем дел од куќата и нема прозорци или се искршени па и да има некаде дува од нив, тие со ќебиња мора да ги затнуваат дупките.

Од цела куќа тие седат во една соба која како така е оспособена за живот, соба од 15 квадратни метри, сите стуткани ја чекаат зимата.

– Не сме способни за работа, некој пат влечам дрва или прачки и нешто продавам па вадам некој денар, земаме 16 илјади динари, социјална помош.

– Од тие примања четири илјади одат на лекови без кои неможеме, сите тројца користиме лекови, но јас некој не ги ни купувам бидејќи нема доволно пари.

– Одам пеш пет киломтери до Куршумлија, таму има ,,Црвен Крст” каде што земам јадење и доаѓам овде, немам друг избор за да да се прехраниме.

– Сега доаѓа зимото незнам како ќе го поминеме, немаме доволно дрва, се завиваме со многу ќебиња, па ќе се згрееме, но и тоа не е решение.

Не остана глув на оваа приказна хуманитарецот Дејан Марковиќ Милошевиќ, кој штом слушна за овие луѓе веднаш се упати и ги посети.

Тој разговараше со нив и им врачи пакети помош, со кој ќе можат некое време да бидат стабилни околу храната и некој пијалоци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *