Мери: Додека некој чека и по 3 месеци за да биде прегледан, еве за што се трошат народните пари

  • By admin
  • септември 8, 2022
  • 0
  • 258 Views

Мери Јордановска добро познатоо е дека важи за една од најистакнатите македонски новинарки кој во оваа професија е долги години.

За Мери е познато дека е е и доста активна и на социјалните мрежи каде ги истакнува своите ставови, но и споделува објави кои привлекуваат големо внимание.

Така беше и овојпат кога на својот профил на фејсбук Мери сподел објава која привлече големо внимание, а во која вели:

Додека некој чека и по 3 месеци за да биде прегледан, еве еден мал пример за што се трошат народните пари од Министерството за здравство.

40.000 денари е просечен хонорар на соработник во Министерство за здравство. Уште 40.000 ден. хонорар истиот добива ако фино лепо стои со владејачката структура, 8 илјади, па 8 илјади…. (му се слеваат од буџет, во ист ден)

Така се собираат 80.000 денари хонорар месечно на нечија сметка, за ништо! Вака се одлеваат пари од буџетот, драги мои, кога државата за едни е мајка, а за други маќеа.

Името е замаглено од моја страна и на моја добра волја, затоа што вакви се многу и сметам дека е грев да се објавува само едно име. Верувате или не, ова е вистината. Вакви се илјадници.

Поентата е доловена, како и да и се завртиме – проверете си прво за што ги трошите НАШИТЕ пари, пред да не убедите дека граѓаните се на прво место!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *