МВР се огласи за потрагата по Сашо Мијалков

  • By admin
  • февруари 22, 2021
  • 0
  • 1371 Views

Од неделата во 16 часот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков му се губи секаква трага, тој последен пат бил забележан во кафулето „Дистрикт“, кое се наоѓа во рамки на хотелот „Мериот“, во непосредна близина на скопскиот плоштад.

Распишана е национална потерница за пронаоѓање на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кому судот вчера му одреди мерка куќен притвор пред пресудата за „Таргет-Тврдина“, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“.

Од МВР информираат дека ќе бараат распишување и на меѓународна потерница.

„Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување меѓународна потерница“, велат од МВР.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *