Марина: Дали денес постои вистински брак или многумина живеат од корист

  • By admin
  • мај 26, 2021
  • 0
  • 663 Views

Од порано не учеле дека бракот е света работа, институција, велеа ако не си сигурен за брак тогаш не се ни впуштај во тоа. Сега мислам дека сè се измени. Не се мажат од љубов, туку најчесто од корист.

Даваат ветување во црква кое најголем дел од луѓето не го почитуваат. Не разбирам како може тоа да го прават, сите сме свесни дека постојат многу лоши работи околу нас и не знаеме кону можеме да веруваме.

И мене ми се случи таква несреќа. Се жалам себеси затоа што не знам каде погрешив и со што го заслужив ова. Дали се мажев за да го прекинам мојот брак?

Сè се случи скоро кога бевме заминати да искористиме зимски одмор затоа што минатото лето никаде не бевме. Си резервиравме се убаво во хотел на планина сами двајцата, заминавме и убаво ни почна одморот.

Јас сум виновна затоа што ништо досега не сум забележила. Како велат сопругите најпосче дознаваат за сè. Како и ќе забележам, цело време сум на работа, обврски, готвење, сега па и учење со децата и бракот ми беше ставен на “нечујно”.

Заморот и обврските си го прават своето. Одморот требаше да ни биде лек и релаксација и за двајцата, па свежи да се вратиме на работните обврски.

Свежиот воздух и одмарањето наместо да ми помогнат мене ми одмогнаа. Во хотелот немаше многу гости, па секојдневно ги среќавме истите луѓе. Еднаш одејќи на прошетка се сретнавме со мои поранешни другарки.

Имаше и две непознати па се запознавме и заедно шетавме. Уште кога се сретнавме го забележав изненадувањето кај мажот ми, бавно реагираше и како да не сакаше со нив да се се гледаме, ама ајде си велам можеби сака сами да сме.

Неколкупати се среќавав со нив и шетав затоа што мажот ми не беше расположен и сакаше да остане в соба. Чудно ми беше неговото однесување така наеднаш.

Една вечер требаше да се симнеме на вечера, но на овој не му се јадело па морав сама да одам. Без да се посомневам во нешто заминав долу и пак ги сретнав другаркиве, но една од нив фалеше.

Ги прашав и ми рекоа дека не била добра нешто и останала в соба. Чудна случајност. Тоа што се случи после веќе не сакам ни да го замислам. Се вратив порано за да го прашам што да му земам и во собата има што да видам.

Мажот ми го фатив како ме изневерува со жената што ја немаше на вечера. Не знаев како да се чувствувам во моментот, не се каравме, тие сакаа нешто да објаснуваат, јас не ги слушав и почнав да си го собирам куферот.

Како можат да прават такво нешто кога знаат дека јас сум таму? Безобразни луѓе, немаат совест. Како можеше да ни направи такво нешто мрене и на децата? Многу плачев таа вечер, а немав одлука за тоа што ќе правам понатаму.

Не сакав да разговарам со него, не сакав да ми се правда со лаги. Утредента веднаш заминав кај мајка ми и оттогаш сум таму. На децата не им ја кажав вистината и се уште стои отворена темата, но дури не одлучам што ќе правам не им кажувам.

Не сакам ни 15те години брак да ги фрлам во вода, не сакам децата да ги уништувам, ама нема да можам ни да заспијам до него, а да не помислам на таа другата. Сепак ако еднаш го направил тоа, ќе го направи и вторпат а јас не сум должна да поднесувам сè и сешто поради него.

Обработил: Д.С. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.