(ФОТО) Се крчка нешто многу јако во изведба на Наум, Ферус, Џамбо, Сузе, Бени, Миле, Лозано и многу други

  • By admin
  • мај 26, 2021
  • 0
  • 1205 Views

Македонската фудбалската репрезентација денес во Скопје ги започна подготовките за Европското првенство кое во месец јуни ќе се игра во повеќе земји, а нашиот национален тим ќе биде дебитант на големата сцена.

Селекторот Игор Ангеловски ги има сите фудбалери на број, со исклучок на Енис Барди кој е позитивен на коронавирус и ќе мора да биде во изолација додека не добие негативен тест.

На стартот на подготовките, предводникот на А-тимот истакна дека на тестовите ќе се работи на тактиката, а лошата вест за Барди и неговиот позитивен ковид-тест посака да е последна.

„Најнапред, жалам што на овие подготовки започнаа со непријатна вест, но сакам да испратам порака до Енис Барди дека сите членови во оваа репрезентација стоиме заедно со него и му посакуваме што побрзо да добие негативен тест за да ни се приклучи.

Се надевам дека ова ќе биде единствена лоша вест на овие подготовки. Сите останати кои беа планирани се тука, Адеми, Пандев и Димитриевски ќе дојдат на крајот. Се надевам дека ќе одработиме едни добри подготовки и спремни ќе одиме за Букурешт.

Јас од првиот момент кога застанав на оваа позиција кажав дека секој собир е значаен и секој меч е значаен кога се игра за националниот тим.

Пристапот мора да биде ист. Ништо поразлично од досега не практикуваме и нема да применуваме. Како што беше досега, така ќе биде и понатаму.

На подготвителните два меча ќе се воигруваме тактички, без разлика што долго време сме заедно и се познаваме и ги имаме разработено сите варијанти“, изјави Ангеловски.

Како наближува почетокот на ЕП така се повеќе расте заинтерисираноста во јавноста и полека се чувствува еуфорија.

Добро познато е дека нашата фудбалска селекција доби химна во изведба на Вис Рисови и Пеце Суперхикс со наслов Одиме на Европско.

Но очигледно ова нема да биде единствена песна за поддршка на нашите спортски јунаци откако Владимир Блажев или попознат како Панчо од ДНК најави нешто што веројатно ќе биде многу јако.

Тој на својот профил на Инстаграм сподели низа селфи фотки направени денес од националната арена Тодор Проески на која позира со низа познати музичари и спортисти од Македонија.

Од спортистите се кошаркарите Перо Антиќ, Војдан Стојановски и кошаркарката Едина Муса.

Од музичкиот свет слободно може да кажеме дека беше собран музичкиот крем од Македонија.

Па така друштво на панчо му правеа Ферус Мустафов, Џамбо Агушев, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Ребека Јанковска, Кристина Арнаудова, Влатко Лозановски, Бени Шаќири.

Потоа Александар Тарабунов, Дани Димитровска, браќата Тавитијан, Сара Мејс, Лина Пејовска, Антониа Гиговска, Огнен Здравковски, Теа Трајковска, Дупер.

Останува да видиме за што ќе станува збор.

Панчо исто така сподели фотка на инстаграм и на фејсбук на која напиша:

Денес го завршивме еден од моите најомилени проекти поврзани со ДНК и спортот, а посветен на македонските фудбалски репрезентативци.

Благодарност до сите кои придонесоа за истиот и со нетрпение очекувам да го видите.

Македонија на Европско, благодарение на нашите фудбалери со кои треба да се гордееме.🇲🇰

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *