Брачниот пар Стошиќ, Гордана (57) и Зоран (65) од планинското село Бачвиште кај Владичина Хан живеат во тешки услови и во голема сиромаштија.
И двајцата се невработени, а по заминувањето на другиот свет на нивните деца, тие веќе три години се грижат за своите две внуки.
Тие не добиваат никаква помош од државата, освен минималниот додаток кој како што велат не стигнува ниту за основните потреби.
Детскиот додаток е единствениот приход што го имаат за девојчињата, кој во зависност од месецот изнесува 8.000 или 9.000 динари (4.500 денари)
– Сакаме да бидеме со нашите баба и дедо затоа што нашите родители не оставија. Секоја вечер плачам по мајка ми, не можам да престанам.
– И напишав честитка и баба ми ми кажа дека е во болница, не можев да и дадам но сепак се грижам за неа – ова се болни зборови на седумгодишната Дуња.
Како што вели нивната баба, девојчињата живеат во стра в да не бидат одвоени од баба и дедо затоа што Центарот за социјална работа веќе најавил можно одземање на децата.
– Сакам да живеам со баба и дедо, не сакам да ме одвојат и да ме носат на друго место, накратко беа зборовите на малата Дуња.
– Даваме се што имаме за нив и правиме се за да не гладуваат и да не се разликуваат од другите деца – додава баба Гордана.
– Нашиот син Бојан на само 29 години во не среќа замина на другиот свет во октомври 2019 година. Истата година, сопругата ги напуштила, оставајќи ги и враќајќи се неколку пати, вели Гордана пред хуманитарката Тамара Мисирлиќ која ги посети.