Христос Елинидис – Рус е наш познат македонски музичар кој скоро две децении заедно со бендот “Руски рулет” се препознатливи на публиката токму по изведбите на грчката музика.
Со музика почнал да се занимава од својата 5-та година, а на свои 6 години имал можност да настапи заедно со Микис Теодоракис во Узбекистан.
Роден е во Чирчик, Узбекистан од татко Грк и мајка Македонка каде што завршил нижо музичко училиште, но по преселувањето во тогашна Југославија, во градот Гостивар продолжил самоуко да се занимава со музика.
– Морам да признаам дека во душата сум рокер, а грчката музика ја засакав уште од мали години, таа музика ми ја пренесе татко ми, изјави во една прилика.
Во 1991 година настапи на Макфест во Штип со песната „Прости ми мајко“, а во 1993 година на Интерфест во Битола ја пее песната „Усни како мед“. Подоцна ги промовира и своите нумери „Биди вечно млада“ и „Севда како мрак“.
Има соработки и настапи со многу познати грчки имиња од тамошната музичка сцена, насекаде во регионот каде публиката умее да ја препознае топлината во неговиот глас и неговите специфични интерпретации.
Токму тие му ја донесоа победата во 2017 година во познатото српско музичко шоу “Никогаш не е доцна” каде Христос во целост ја освои многубројната балканска публика.
Христос најчесто настапува по ресторани и свадби во земјава регионот, но периодот покрај пандемијата како и на многу други уметници му ја скрати работата. Беше гостин во емисијата Фолк Парада каде го изрази своето незадоволство од третманот кој го добиваат во Македонија.
– Третманот на уметниците е никаков – единица или нула да ви кажам право. Во текот на корон ата ако ми верувате, јас не барав никогаш помош од државата.
Значи на Петко и Станко им дале пари и помош, јас ако ми верувате, сум спремил папка документи дека не примам толку пари а не дадов ни еден динар.
Ката строфа е во Македонија. Не знам како во другите држави, ама мои колеги што ми кажувале во Грција што живеат, добиле стварно добри пари во текот на пандемијата.
Ја не сум работел година ипол дена, се снаоѓав колку што можам. Им благодарам на Албанците во Гостивар зашто јас одам и по албански свадби да пеам.
Во текот на коро ната живеев од нивниот капар што ми го дадоа за 2020 година. Ниту еден не ми се јави да рече Христо те молам врати ми ги парите, заклучува Христос.