Пејачката и водителка Јулија Мациевска неодамна се соочи со најголемата загуба која човек може да ја доживее, ја изгуби нејзината ќерка Адријана, па сподели емотивна порака на нејзиниот Фејсбук профил:
„Мајка, која го изгубила своето дете,веќе никогаш не може да биде иста. Мајка, која го изгубила своето дете, изгубила дел од себе, затоа чувствува празнина,која со ништо не може да се надокнади.
Мајка, која го изгубила своето дете,се буди со помислата на него, легнува навечер,пак со помислата на него.Мајка која го изгубила своето дете, не може да се одкаже од ништо што е негово и ја подсеќа на него.
Мајка која го изгубила своето дете,има чувство дека е тука некаде,па постојано му се обраќа или се обраќа на неговата слика,која секогаш и е на уда рно место. Мајка, која го изгубила своето дете,по навика оди во неговата соба да го разбуди.
Мајка, која го изгубила своето дете,ги бакнува неговите алишта, ги мириса, за да го осети мирисот, допирот на своето дете. Мајка, која го изгубила своето дете,не може да замисли, дека тоа е изгубено засекогаш.
Мајка, која го изгубила своето дете,не може да го изговори зборот ,,м ртво” Мајка,која го изгубила своето дете, верува дека тоа е Живо,во друг облик,но Живо.
Мајка,која го изгубила своето дете, ако поверува во смр тта, може да и се случи да полу ди или да ја снема и неа,зашто таа веќе не се жали себе,таа е спремна да го даде сопствениот живот за своето дете
Мајка која го изгубила своето дете, прави се што тоа дете сакало,зашто тоа ја поврзува со него,а го чувствува и него дека постои размена,разбирање на некое друго ниво. Мајка, која го изгубила своето дете,плаче…многу поинаку од секој плач,таа плаче од дното на душата…одеднаш…само доаѓа
Мајка, која го изгубила своето дете, постојано е во молитва,која е срасната со неа,зашто има само една желба- нејзиното дете да е под закрила Божја и на најубаво место во царството Небеско. Мајка, која го изгубила своето дете,се труди да го сочува секој спомен на своето дете
Мајка, која го изгубила своето дете,јаде со него,оди со него каде и да замисли,купува,патува,му раскажува за тековни нешта,дури му бара и помош,зашто знае што најдобро знае нејзиното дете
Мајка, која го изгубила своето дете,ги следи знаците на патот,зашто почнува да учи нов јазик на комуникација со своето дете
Мајка, која го изгубила своето дете, може надворешно да изгледа сосема нормално, но во себе,само таа знае низ што минува, ран ата бо ли,ср цето мајкино кр вари
Мајката која го изгубила своето дете, веќе никогаш не се смее како порано.Мајката, која го изгубила своето дете,верува дека тоа е Ангел на Небото. Мајката која го изгубила своето дете, иако често се прашува зошто??? ,
верува уште повеќе во Бога, и само затоа пто е сигурна во Божјата милост,иако стр ада бескрајно многу,како Марија што стр адаше за Исус рас пнат на крст от.Ја разбира голго тата по која минала и продолжува понатаму да чекори,пак за своето дете… Мајката на Живиот Анг ел Небесен АН Јулија од срце“, емотивно сподели Јулија.