Македонската пејачка пресреќна, па порача: Венко те сакам

  • By admin
  • мај 7, 2021
  • 0
  • 3461 Views

Крешник Бектеши, министерот за економија денеска кажа дека можно е рестораните за свадби и свечености да почнат да работат кон крајот на мај, но дополни дека тоа ќе се случи доколку Комисијата за заразни болести утврди дека бројот на заразени со корона вирусот се намалува.

„Секоја недела носиме полабави мерки во однос на рестриктивните мерки до сега и тие се предложени од Комисијата“, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата за заем од Светска банка за проекти во образованието и за енергетска ефикасност.

Меѓутоа, тој не дополни на кој начин би работеле рестораните за свадби и дали е изработен посебен протокол за нив.

За познатата фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје

Сања Сани Гроздановска, една од најпопуларните и најпознати македонски фолкерки од помладата генерација реши да направи комплетна трансформација…

Или поточно мораше, но, не во изгледот и имиџот, туку во еснафот, зашто вирусот ја натера да ја смени професијата, сакала или не, како и многумина други естрадни уметници чија кариера е на работ на пропаста, а за егзистенцијата и да не говориме.

Токму затоа, естрадата тргна да бара алтернативни решенија за сопствениот опстанок и опстанокот на своите семејства, па многумина од нив свртеа нов лист во животот, оставајќи го свирењето и пеењето да чека подобри времиња, ако воопшто тие и дојдат.

На естрадните уметници не им преостана каде да пеат, па од естрадни полека стануваат страдни. Не им преостанува ништо друго освен „само да се сликаат“.

Многумина од нив од пејачки станаа манекенки, модели, инфлуенсерки, блогерки… па се’ до меанџии и психолози. На оваа категорија естрадни уметници во „преквалификацијата“ на професијата деновиве им се приклучи и Сани Гроздановска.

Зошто Сани почна со работа во компанија која неодамна е формирана за да ја „зголеми конкурентноста на пазарот на мобилната телефонија и мобилни услуги со цел да внесе поквалитетна и пофлексибилна понуда до секој корисник, како приватно лице или бизнис корисик“ – како што самите напишале во нивното портфолио „Зелените мобилни“, каде Сани деновиве почна со новата работа.

Таа денес се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели статус во кој што вели:

-Почнаа со букирање свадби, ајде аирлија, Венко те сакам

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.