(ФОТО)Првиот човек на српската црква не користи автомобил: Пешачи по 9 километри до работа секој ден

  • By admin
  • мај 7, 2021
  • 0
  • 852 Views

Пред неколку месеци новиот поглавар на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфирие, беше устоличен во Соборната црква во Белград, со што ги презеде сите права и должности кои по црковниот Устав и каноните му припаѓаат.

Порфирие изјави дека ќе продолжи да го негува соборниот дух и дека ќе продолжи да ги поврзува луѓето.

Роден е во Бечеј во 1961 година како Првослав Периќ. Замонашен е во Манастирот „Високи Дечани“, во 1985 година. Завршил Православен богословски факултет во Белград во 1986 година, а постдипломските студии ги завршил во Атина во 1990 година.

Таа година, со благослов на епископот бачки Иринеј, дошол во Манастирот „Свети Архангел“ во Ковиљ, каде што бил ракоположен во свештеномонашки чин и поставен за игумен.

На својата редовна седница во 1999 година Светиот архиерејски синод на Српската православна црква го избра за заменик-владика за Јегар во епархијата Бачката.

Републиканското Собрание во 2005 година го избра за член на Советот на Републиканската радиодифузна агенција како претставник на сите цркви и верски заедници, а за претседател на Советот е избран во 2008 година.

За митрополит на Загреб и Љубљана е устоличен на 13 јули 2014 година во Соборната црква „Преображение Господово“ во Загреб.

Наместо со службен автомобил, патријархот Порфириј на Велики петок пешки минал 9 километри, без придружба и без помпа.

И тоа не бил единствениот случај, туку тој секој ден доаѓа да работи во Патријаршијата без службено возило, но сега тоа било откриено само затоа што некој ја забележал оваа сцена на враќање од работа, пренесува српското издание на Блиц.

За многумина, фотографијата што беше објавена на социјалните мрежи, на која се гледа како неговата Светост српскиот патријарх Порфириј шета по „Мостарската обиколница“, беше изненадување, но не и за оние што го познаваат.

Ова не е ништо ново, туку негова практика што ја стекнал во Загреб и која ја практикувал и во Белград, кога и да можел – вели соговорник близок до Неговата Светост за „Блиц“.

Според „Блиц“, тој по тој повод отишол од патријаршиската резиденција на Дедиње до Соборниот храм за да стигне до светилиштето. Па така, тој пешки минал растојание од 9 км, наместо да се вози со автомобил, пренесува Блиц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *