Македонија ја урна моќната Италија: И кошаркарите на чекор до пласман на ЕП

  • By admin
  • февруари 21, 2021
  • 0
  • 717 Views

Македонската кошаркарската репрезентација оствари голема победа во квалификациите за Европското првенство, откако попладнево одигра фантастичен натпревар против фаворизираната Италија.

Иако имавме негатива од 16 поени, стигна до висока победа од 87-78, што дава дополнителна тежина на победата.

Ова воедно беше дебитантска победа за селекторот Александар Тодоров што ги одржа шансите за пласман на ЕП. А математиките се јасни. Денес Русија треба да ја победи Естонија, па ние утре во директен дуел со Естонците да одлучиме за патникот на континенталниот собир.

Ненад Димитријевиќ со 22 поени и 7 асистенции беше најдобриот поединец во нашиот табор, а одличен меч имаше и Магдевски со 20 поени и Војдан Стојановски со 15.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *