Македонската делегација од 114 членови, меѓу кои 77 се спортисти, ќе продефилира на вечерашното отворање на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран со почеток од 21 часот.
Нашата делегација ќе бидат предводени од сребрениот олимпиец, Дејан Георгиевски и каратистката Симона Заборска во улога на знаменосци.
За потсетување на претходниот медитерански собир во шпанска Тарагона, македонските спортски се вратија со шест медали, а сега целта е освојување поголем број одличја.
Најголема надеж за злато ни е таеквондистот Георгиевски кој како што е познато е и носител на олимписки медал од последните игри.
„На претходните Медитерански игри освоив сребро, сега одам да освојам златен медал. Се надевам на повеќе медали од целиот наш тим, да бидат барем повеќе од десет“, изјави Георгиевски.
На игрите во Алжир ќе настапат вкупно 3.390 спортисти, а Македонија ќе има претставници во ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, бо рење, пливање, стр елаштво, атлетика и мечу вање.
Еден од оние кои ќе ја претставуваат Македонија во Алжир е и младиот атлетичар, 24-годишниот Јован Стојоски кој што е роден во соседна Србија, поточно Белград, но реши да настапува за нашата држава.
Со оглед на тоа што е роден во Србија и кариерата ја градел таму, во едно неодамнешно интервју кажа како дошло до тоа да настапува за Македонија, државата од која што има корени.
„Моја желба беше да се префрлам во АФМ. Во 2018 година ги добив сите документи, а од 2019 година настапувам за атлетската репрезентација на Македонија“ додава Јован.
Вчера мојата приказна од инстаграм ја пренесоа сите национални програми во Алжир, добив преку 40.000 пораки за 24 часа.
А нивната главна национална телевизија дојде и во олимпиското село да направи интервјус о мене, ден откако станав најпопуларни личност во Африка преку ноќ.
Тој буквално цело време изминатите ден-два даваше интервјуа за тамошните медиуми и ги полни насловните страници, а сето тоа поради објавата на Инстаграм на која напиша:
„Информација на денот: За едно евро можете да купите 6 литра дизел во Алжир“
Колку за споредба, во Македонија за истата сума ќе можете да купите само пола литар дизел, па разликата е повеќе од очигледна.