Горан и Ленче Кукиќ проговорија за тоа кога пееле пред претседателот Борис Трајковски

  • By klaster3
  • јуни 25, 2022
  • 0
  • 283 Views

Годинава се навршија точно 18 години од заминувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски од овој свет.

На 26-ти февруари, 2004 година, тогашниот македонски претседател Борис Трајковски го изгуби животот во авионска несреќа. Оттогаш, неговата сопруга Вилма и децата Стефан и Сара уште толку се повлекоа од медиумите и никој не знаеше многу за нивниот животен пат.

За разлика од Стефан, Сара е почесто активна на Инстаграм каде често споделува фотографии. Таа живее во САД, таму студираше на познат универзитет во Њујорк.

Денес, 25 јуни, во 1956 година во Моноспитово, струмичко е роден Борис Трајковски, вториот по ред претседател на Република Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година).

Трајковски дипломирал во 1980 година со диплома по право на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Потоа, специјализирал закон за трговија и вработување и остварил неколку посети во Соединетите Американски Држави, каде што студирал теологија за да стане министер-поротник на методистичка.

Трајковски стана активен во политиката по прогласувањето на независност на Република Македонија од Југославија во ноември 1991 година, кога се приклучи на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Секоја година Струмица го одбележува роденденот на претседателот Борис Трајковски на споменикот „Македонија“ поставен во Струмичкиот парк во чест на Трајковски каде што семејството, претставници на локалната самоуправа, политички партии и претставници на институции и здруженија положуваат цвеќе.

Познатите македонски музичари Горан и Ленче Кукиќ во гостувањето за емисијата Гранд Магазин се потсетија на дамнешно време кога имале изведба пред Борис Трајковски.

Станува збор за песната „Љуби ме и главата горе“ која Зафир Хаџиманов и Сенка ја извеле оваа прекрасна песна во далечните 70ти години.

– Кога одевме на свирки баш ни беше убава песната, ја вративме песната во живот всушност. Во 1996та ја снимивме кога настапувавме на Меѓународниот црвен крст кога присуствуваше по којниот претседател Борис Трајковски.

Тогаш, за првпат ја презентиравме во 1996та. На многу веселби, првиот танц на младоженците знаеме да го отвориме со оваа песна, објаснија Горан и Ленче.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *