Македонецот Оливер се огласи со сведоштво од Доњецк – областа за која Путин потпиша независност

  • By admin
  • март 6, 2022
  • 0
  • 477 Views

Ситуацијата во Украина од ден се ден со големое внимание ја следе целокупната светска јавност и она што се случува таму.

Областа Доњецк е мирна и таму се очекува денеска да пристигнат над 15.000 Украинци кои бе гаат од други градови.

Оливер Трајковски е македонски државјанин кој живее неколку години во градот Покровски и сведочи за ситуацијата во оваа област.

За сега тој и неговото семејство се на безбедно вели Оливер, но и да сака тој не може да замине за Македонија бидејќи по патиштата е риз ично да се вози. Во Доњецката област луѓето функционираат нормало.

„Ако одам до Киев е 1200 километри, а ако одам до Одеса ми треба негде седум или осум часа, а сега патиштата не се безбедни. Областа Доњецк каде што сега сум јас има се.

Маркетите работат и по 24 часа, кај нас се е мирно. Денес во нашиот град ќе дојдат 15.000 луѓе“ вели Оливер за СителТВ.

Доњецк е една од областите кои рускиот претседател ги призна како независни со указот кој го потпиша пред да почнат н ападите. Втората област е Луганск.

Македонски државјани се уште не можат да се извлечат од Украина. Дел од оние кои се вратија велат дека сами се организирале без помош од македонските власти.

Од МНР нема нови информаци дали амбасадорот обезбедил зелен коридор за евакуација на македонските државјани.

Според МНР во Украина има уште 50 Македонци, а од нив половина успеале да ги напуштат своите домови и да се упатат кон безбедносните коридори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *