Лебот во Германија ќе стане лукусуз според најавите за цената што ќе ја има

  • By admin
  • мај 3, 2022
  • 0
  • 391 Views

Продавниците во Австрија бележат сè поголем недостиг, во супермаркетите има сѐ повеќе празни полици, а причина за тоа е ситуацијата во Украина, пишуваат германските медиуми.

Во некои супермаркети недостасуваат многу производи, а особено е тешко да се најде сончогледово масло. Причина за недостигот е фактот што три четвртини од таа храна доаѓа од Русија и Украина. Се најавуа и недостиг на путер.

Ваква е состојбата во големите трговски синџири, дисконтите, но и во помалите продавници.

Недостигот на многу производи беше предизвикан од проблем во синџирот на снабдување, односно недостигот на испораки. Забележано е дека граѓаните купуваат роба на големо.

Минатата година Австрија од Украина увезла околу 19.484 тони маслодајни семиња. Исто така, маслото од репка е сѐ побарано, па се потешко може да се најде.

Земјоделците и млекарите се соочуваат со осетно поскапување на енергенсите, храната и ѓубривата, што доведува до повисоки цени на земјоделските производи. Тема на голема побарувачка станаа и увезените лименки.

Исто така, одредени видови брашно и тестенини не можат да се најдат во многу продавници. Одредени сувомеснати производи во моментов се доставуваат до продавниците само во мали количини.

Случувањата во Украина доведе до големи зголемувања во сите сектори, а земјоделците во Германија ст равуваат за житните култури.

Ако продолжи вака, Здружението на фармери во Германија најави дека лебот наскоро би можел да чини и до 10 евра, пишува Магазинтот Феникс.

Томас Боде, пекар од германската сојузна покраина Тирингија, за „Фокус онлајн“ изјави дека неодамна морал да ги зголеми цените на своите производи за околу 20 отсто поради зголемените трошоци.

Обично, трошоците за производство, вклучувајќи ги и трошоците за работна сил а, го сочинуваат најголемиот дел од цената. Сега, според Боде, тоа веќе е променето.

„Трошоците за суровини и енергија сега се на исто ниво со трошоците за производство“, изјави тој за Фокус онлајн.

Сега, за да им овозможи на сите, без разлика на нивната финансиска состојба да купуваат пекарски производи Боде на своите клиенти им нуди леб од претходниот ден по половина цена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *