Кристина Арнаудова со емотивно збогување од пријателот: Летај душо сега, никогаш да те заборавиме

  • By admin
  • декември 2, 2021
  • 0
  • 357 Views

Утрово не разбуди веста која до јавноста ја споделија од Македонскиот народен театар кои информира дека нивниот актер Славиша Кајевски повеќе не е меѓу живите.

Кајевски е роден на 01 февруари 1982 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје.

Оваа вест допре до многумина негови колеги, пријатели и оние кои што го познаваа, па истите по пат на социјалните мрежи ги испраќаат последните поздрави.

Познатата пејачка и водителка, а во последно време и голема хуманитскта Кристина Арнаудова преку својот профил на Фејсбук се прости од нејзиниот добар пријател, актерот Славиша Кајевски кој се пресели а другиот свет

Славиша бил особено близок со сопругот на Кристина, бидејќи како што таа пишува во нејзината објава, тие двајца често разговарале за ракометот.

– Денес нашиот Славиша Кајевски, нашиот пријател, голем актер, душа памук,секогаш спремен за забава и шеги, со кој имаме поминато многу незаборавни моменти, замина од каде што враќање нема.

Поч ивај во мир душо убава и чиста, немаме зборови да ја искажеме нашата таг а и неверување. Другарот на Алескандар со кој цело време си правете муабет за ракометот.

Ќе недостигаш многу на сите! Нашето семејство нема никогаш да те заборави.

Ова е последен поздрав од нас , Кристина,Александар, Максим и Матео летај душо сега. Таму е сигурно подобро

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *