Кристина Арнаудова призна: Се уште си го немам расчистено сама со себе

  • By admin
  • јули 20, 2021
  • 0
  • 3167 Views

Познатата мкедонска пејачка Кристина Петровска Арнаудова во последен период е активна и како водителка и тоа во хумана акција.

Првиот контакт со микрофонот го има на четири годишна возраст во градинка кога настапувала на претстави. Пресудна улога во нејзината љубов кон музиката има нејзиниот вујко (тапанар) и пробите кои тој ги има со својот бенд под покривот на нивниот дом.

Со изразен талент за пишување песни, од мала почнала да пишува песнички.Пораснала во мултиетничко семејство со дедо турчин и баба влаинка.

Пејачката и хуманитарец Кристина Арнаудова веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ра нливите категории, најмногу на децата.

Идејата беше да се реновираат или изградат од ново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, без основни услови за живот.

Кристина неодамна објави пилот хуманитарна емисија во која му помага на еден самохран татко да си ја реновира куќата. Пејачката за првпат се појавува и во улога на водителка.

Во текот на припремата, и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле, и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одзивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа“, рече Кристина кога ја објави емисијата.

Арнаудова е доста активна и на социјалните мрежи, а пред неколку дена сподели дека по подолг период конечно повторно имала настап:

Морам да признаам дека кога застанав на сцена во вторникот, во мојот роден град Неготино, сфатив дека тоа чувство ми недостигало, енергијата, дружбата со мојот бенд,љубовта која си ја разменуваме со публиката.

Имав Pop Up concert или ненајавен концерт на плоштадот. Помина неверојатно убаво! Благодарам граде мој….Се помалку настапувам, бидејќи со целата работа со Проект Среќа и сега Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina не останува воопшто време.

Можеби е време да се вратам на сцената. А можеби и не..тоа се уште си го немам расчистено сама со себе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *