Кристина Арнаудова бара по 300 или 150 денари: За нас тоа ќе биде ветер во грб

  • By admin
  • мај 8, 2021
  • 0
  • 15185 Views

Македонска пејачка Кристина Петровска Арнаудова во последен период е активна и како водителка и тоа во хумана акција.

Пејачката и хуманитарец Кристина Арнаудова веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ра нливите категории, најмногу на децата.

Кристина неодамна објави пилот хуманитарна емисија во која му помага на еден самохран татко да си ја реновира куќата. Пејачката за првпат се појавува и во улога на водителка.

Арнаудова пред некој ден на социјалните мрежи повторно се огласи, па преку својот личен фејсбук профил сподели:

Другари, ако секој од вас може да донира по 300 или 150 денари месечно за нас и нашата работа овде на Patreon, тоа за нас би била неверојатен ветер во грб!

Проект Среќа последниве две години ги изгуби скоро сите компании пријатели заради економската криза, и секојдневно се бориме за опстанок.

Сите средства ги усмеруваме кон градење и помош на оние на кои им треба! Но реалноста е дека нам ни треба помош за да ја продолжиме работата!

Ние за разлика од повеќето не сме корисници на грантови ниту имаме некаква голема поддршка од било кого. Затоа Вие сте ни единствена надеж.

Вие кои знаете дека работиме за Вас и дека сме тука секогаш кога ви требаме! Поддржете не и донирајте месечно симболична сума која нам ќе ни биде голема помош!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.