Сите што во Германија се вакцинираат добиваат поволности – познато и кои

  • By admin
  • мај 8, 2021
  • 0
  • 2692 Views

Вчера германскиот министер за здравство, Јенс Шпан порача дека третиот бран на вирусот се чини дека е разбиен додавајќи дека мерките за физичка дистанца и забрзувањето на процесот на вакцинирање помагаат во стапката на намалување на заразата.

„Се чини дека третиот бран е разбиен“, порача Шпан на редовната прес-конференција на која се осврна на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во земјата.

Клучниот предизвик во зголемувањето на производството на вакцините е „колку брзо и колку ефикасно ќе се пренесе технологијата“, изјави Шпан, повторувајќи дека официјален Берлин се противи на американскиот предлог за откажување од заштитата за патентите за производство на вакцините.

„Главното прашање не е заштитата на патентите, туку производните капацитети“, изјави Шпан.

Министерот изјави дека би бил воодушевен доколку Соединетите Американски Држави ја покажат истата подготвеност за извоз на вакцините како што тоа го покажа Германија.

Процентот на германски граѓани кои, според неговите зборови, ја добиле првата доза од вакцината сега достигна на 31,5% при што 900 илјади луѓе вчера добиле доза.

о настојувањето да се забрза процесот на вакцинација, Шпан дозволи вакцината на „Астра Зенека“ да им се дава на сите возрасти со што беа укинати претходните ограничувања.

Бундестагот, по Долниот дом на германскиот Парламент, денеска исто така ја одобри владината уредба со која на вакцинираните против коронавирусот им се дозволува одредено ослободување од мерките против пандемијата.

Според уредбата, која треба да стапи на сила во недела, лицата кои биле целосно вакцинирани, како и луѓето кои го преживеале коронавирусот, се изземени од обврската за строго ограничување на личниот контакт, забрана за движење во текот на ноќта, како и од обврската за приложување негативен тест.

Вакцинираните исто така ќе бидат ослободени од досега задолжителниот карантин по враќањето од странство. Исклучок се повратниците од таканаречените области каде што има и други соеви на вирусот, како Индија, Бразил или Јужна Африка.

Како целосно вакцинирани се сметаат луѓето кои примиле две дози од вакцината и поминале две недели по приемот на втората доза.

Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет повика на единство во општеството и предупреди на можни поделби помеѓу вакцинираните и оние кои сè уште не добиле можност да се вакцинираат.

Тој им порача на вакцинираните дека кон оние кои сè уште не се вакцинирани треба да се однесуваат „со почит и без триумфализам“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *