Коце Трајановски до Шилегов: На децата и тинејџерите им украде 5 години забава и уживање

  • By admin
  • март 10, 2021
  • 0
  • 2223 Views

Статус на поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски:

Изминатите денови советот на Град Скопје донесе одлука да се оддолжи изградбата на Забавниот ( Луна ) парк до 2023 година.

Со ова Петре Шилегов само поради лична суета на децата и тинејџерите им украде 5 години забава и уживање во забавниот парк.

Во 2017 кога дојде на власт ако имаше доблест требаше само да не ја стопира изградбата и да ги се инсталираат 7-те набавени реквизити и во 2018 скопјани ќе имаа можност да се забавуваат во новиот забавен парк.

Во наредните 2018, 2019 и 2020 можеше да се набават останатите 20-тина реквизити и оваа година ќе имавме комплетно опремен и уреден забавен парк каков што нема во радиус од 250км.

Пет години, пет генерации деца и тинејџери се жртви на суетата и самобендисаноста на Петре Шилегов. Првите 7 фотографии се од набавените реквизити кои сеуште стојат некаде по магацини.

Останатите фотографии се дел од реквизитите кои требаше да ги има скопскиот забавен парк.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *