Ковачевски: Не сум ничиј човек

  • By admin
  • ноември 28, 2021
  • 0
  • 367 Views

Актуелниот заменик министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека не го загрижуваат коментарите дека е човек на актуелниот премиер Зоран Заев и „маша“ која треба да ги продолжи „погубните“ политики на СДСМ, како што го обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Не сум ничиј човек, туку човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ“, вели Ковачевски во интервју за МИА.

Тој вчера објави дека ќе се кандидира за лидер на СДСМ, откако во петокот на 26 декември Централниот одбор на партијата му ја утврди оставката на Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори за 12 декември.

Заев оставката од позицијата претседател на СДСМ, како и од премиерската функција, ја најави по поразот на партијата од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори кои се одржаа во октомври.

Но, тој и натаму е премиер на државата, бидејќи раководството на партијата неодамна одлучи дека неговата оставка треба да биде одложена поради предизвиците со кои се соочува државата, како енергетската криза и ковид пандемијата.

Ковачевски наведува дека „многу брзо“ ќе ги демантира „етикетите“ кои му ги дава опозицијата со тоа што, како што вели, ќе постигне резултати со работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.