Приказната на Кире Бадаровски од скопски Бутел е позната на македонската јавност, кој уште пред повеќе од три години бара помош од хуманите граѓани за основна егзистенција.
Во 2009 година, почнале проблемите во семејната куќа на Кире, каде заедно со неговиот татко биле приморани да го напуштат живеалиштето, поради поплава во нивната куќа.
Оттогаш смениле повеќе места за живеење под кирија, која ја плаќал неговиот татко од пензијата. Тој вели дека пензијата тогаш била доволна само за кирија, и не можеле да обезбедат нормална егзистенција за двајцата.
Приказната за неговата состојба тој ја раскажува за Телевизија 24.
Минатата година, таткото на Кире по чинал, со што тој останува сам да се снаоѓа во целиот ха ос. Но, тоа не е најголемата мака на Кире. Покрај основните егзистенцијални проблеми, има и здравствени.
Во 2010 година доживеал тешка сообраќајна не среќа, и завршил со скр шена десна клучна коска и по вреди на главата, поради кои морал да помине низ повеќе опер ации.
Во 2017 година, тој стана познат на јавноста со тоа што продаваше Библии за да може да обезбеди средства за здравствените трошоци.
Поради влошувањето на здравствената состојба, Кире е работно неспособен, а со тоа и тежок социјален случај, и бара хуманитарна помош за да му се олесни животот, и работа која нема да бара физички напор.
Тој сега се вратил да живее во својата куќа во Бутел, но таму нема основни животни услови. Поради оваа негова состојба, Кире бара да му се додели социјален стан, полесна ветена работа, и туѓа нега.
Посетите низ здравствените институции, прегледите и операциите чинат пари, а Кире засега живее од мала социјална помош која ја добива, но вели дека не му е доволна за основни животни услови.
Кире бара брзо решение за неговата состојба. Тука завршува приказната за Кире Бадаровски и продолжува апелот за помош од граѓаните преку нивната хуманост.
Целата сторија со видео прилог проследете ја на Телевизиај 24.