Денис откри што му се случило деновиве: Јас искрено останав без зборови

  • By admin
  • мај 15, 2021
  • 0
  • 4656 Views

Неуморниот медицински технилар Денис Јанкуловски кој стана омилен во јавноста кај многумина, реши на социјалните мрежи да сподели уште еден момент којд доживеал.

Популарниот „Космонаутко“ преку својот профил на фејсбук објави статус во кој што тој вели:

Од дневникот на Космонаутко или „Баш ми е мило“Деновиве во Борис Трајковски. Стојам пред мојата кабина 9 или попозната со кодно име „Космонаутко“.

Негде од средината на салата забрзани две постари жени, едната довикува – Ние кај тебе Космонаутко. Мене убаво, преубаво во душава, велам повелете во кабината.

Во еден дел од разговорот ми велат:Искрено ние за вакцината се двоумевме, но се одлучивме само заради тебе, да си знаеш, затоа сакавме токму ти да не вакцинираш и сме ти вечно благодарни.

Јас искрено останав без зборови, ми дојде една преубава насмевка на лицето, ми дојде некоја волшебна убавина во душава и срцево и само одговорив – Баш ми е мило (а во себе си реков уааааау човече).

Она што особено ми е битно еве конкретно сега во вакцинацијава е ако успеам барем еден да привлечам и убедам да се вакцинира. А што повеќе тоа подобро.

Месеци наназад го објаснувам значењето на вакцините, барем за мене а верувам и за многу други. Затоа и го споделувам. И се радувам што моите зборови допираат до многумина.

Она што сега во моментов го посакувам е не најмногу туку сите да ги добијат термините за во некој од пунктовите и тоа да биде уште утре, да бидеме вакцинирани огромен процент што побрзо, да ја избркаме вештеркава најбрзо што може и да се видиме ко луѓе саглам, онака како што сакаме, знаеме и како што е природно, нормално и најубаво.

А тоа е во светот на Гуш и Бац. Ве сакам и ве чекам во Борис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *