И половните автомобили не се тоа што беа – цените кои што доаѓаат од Германија најдобро ја отсликуваат ситуацијата

  • By admin
  • јуни 4, 2022
  • 0
  • 319 Views

Агенцијата за анализа на пазарот ДАТ пренесува деак во период од една година, цените на половните автомобили во Германија пораснаа за третина.

„Во април, вообичаен, три години стар автомобил со безнински мотор беше 30,1 отсто поскап од сличен автомобил во април лани“, произлегува од анализата на ДАТ. Во просек, три години стар автомобил со бензински мотор чинеше 27.900 евра.

Автомобилите со мотор на дизел поскапеа нешто повеќе, за 31,8 отсто, а во просек за три години стар „дизелаш“ треба да се издвојат 28.960 евра.

Според проценките на аналитичарите, цените на користени автомобили растат поради намалената понуда на нови. Коронакри зата влијаеше да има недостиг на чипови и останати делови за автомобилската индустрија што ги намали капацитетите.

Истовремено и цените на новите автомобили во последните три години пораснаа за седум отсто. Забележителен процент на цената на користени автомобили не се однесува само на автомобилите стари до три години туку и на постарите модели.

„Кога понудата е ограничена, расте и побарувачката и по постари модели и тоа, секако, ја качува цената“, рече портпаролот на агенцијата.

Според податоците на ДАТ, но и најголемит интернет-портал за користени автомобили мобиле.де, воочена е побарувачка по половни дизел автомобили, особено оние со појак мотор.

Како што е познато во најголем дел половните автомобили кои влегуваат на македонскиот пазар се се потекло од Германија, па така и цената овде веќе се чувствува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *