Германците поради неизвесност од недостиг на гас, купуваат се повеќе електрични греалки за есен и зима, иако канцелариите за заштита на потрошувачите предупредуваат на неекономичноста на овој тип на греење, пренесуваат локалните медиуми.
„Имаме натпросечна побарувачка за греалки“, велат од синџирот продавници за електрична стока.
Синџирот продавници за градежен материјал забележал 100 отсто поголема побарувачка отколку во истиот период минатата година.
„Побарувачката нагло се зголеми во последните три недели“, вели Флоријан Преус од синџирот Хорнбах.
Бројот на луѓе кои примаат помош во храна во Германија надмина 2.000.000, што е зголемување на 50 отсто од почетокот на годината, пренесе агенцијата Анадолија.
Во соопштението а Здружението на народни кујни Тафел, кој пружа доброволна помош во храна во Германија, се наведува дека од почетокот на годината бројот на корисници на помош во храна зголемен е за 50 отсто првенствено поради пан демијата со вирусот.
Повеќето граѓани кои примаат помош во храна се невработени, пензионери со ниски примања и бег алци од Украина.
Јохен Брул, претседател на Тафел, организација која има 962 подружници во Германија, рече дека зголемен е бројот на корисници кои се хранат во нивните народни кујни.
За таа цел, тој ги повика властите да им помогнат на народните кујни за да може да се задоволат потребите на жителите.
Според Извештајот за сиромаштија, стапката на сиромаштија во Германија лани изнесувала 16,6 отсто.